Балкан

17 октомври, 2018

Здравко Чолиќ откри колку заработува

Отсекогаш се шпекулираше околу заработувачката на најпопуларниот пејач на Балканот, Здравко Чолиќ, кој и денес продолжува да ги полни концертните сали ширум регионот. Иако никогаш не сакал јавно да коментира на оваа тема, тој дури сега, за првпат одговори на ова прашање.

Имено, во текот на целата своја кариера Чола одржа голем број настапи, а освен со пеење, се занимаваше со компонирање, па на прашањето колку пари заработи претходната година од „Сокој“, организација на музичките автори на Србија, музичката легенда одговори: „Меѓу 4.000 и 5.000 динари. Повеќе добивам за изведувачки права отколку за авторски права. Како изведувач присутен си секаде, а како автор другите повеќе заработуваат од тебе“, изјави тој за „Новости.

Фотографија на Pragma music entertainment.

Популарниот пејач минатата година го објави својот 15. студиски албум „Оно мало среће“, а новиот материјал го промовира со голема турнеја, во чии рамки ќе одржи и два концерта во Скопје. Првиот од нив е закажан за 10 ноември во ВИП арената „Борис Трајковски, а заради големиот интерес, македонската публика ќе има уште една шанса да се дружи со својот миленик и на 17 ноември, исто така во „Борис Трајковски“. Двата концерта се во организација на продукцијата „Прагма“, а влезниците се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, „Пола Југотон“ и цвеќарница „Розе“ – Веро 2.

Деновиве беше претставено и видеото за новиот сингл од актуелниот албум, а како изгледа и звучи „Ничег није било између нас“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑