Балкан

29 јуни, 2017

Здравко Чолиќ најдобар во Европа

Порталот кој обединува милиони обожаватели на најголемата европска музичка манифестација ја смести новата песна на Чолиќ, „Мала“, на листата „ТОП 20+5“ новитети. Иако на „Евровизија“ настапуваше во далечната 1973 год. со песната „Гори ватра“, евровизиските обожаватели ширум целиот свет непрекинато го следат Здравко Чолиќ и неговата работа.

Благодарение на гласовите на сите оние кои ја сакаат новата песна на популарниот Чола, од денес актуелниот сингл „Мала“ e на прво место на топ листата, оставајќи зад себе бројни популарни имиња како овогодинешниот победник на „Евровизија“ – Салвадор Собрал, Хелена Папаризу, Лара Фабијан, Руслана и други.

Новиот сингл Чолиќ го објави на својот роденден, на 30 мај, а спотот за оваа песна, во кој една од улогите ја има познатата актерка Јелена Гавриловиќ, собра голем број позитивни коментари. „Се радувам и многу ми е драго што за мојот роденден ќе и подарам на публиката нова песна и спот. Во план е оваа есен да биде објавен 15тиот студиски албум, а ова е прва песна од новиот албум која ја претставувам, која ја работев со моите долгогодишни соработници“, изјави тогаш Чолиќ.

Сега е јасно дека новиот албум на најголемата музичка ѕвезда ќе ја заинтересира не само регионалната туку и светската јавност.

ЛИНК ОД ТОП ЛИСТАТА
ЛИНК ЗА ГЛАСАЊЕ



Врати се горе ↑