Аудио foto Karolina Duke

10 септември, 2015

„Зборови немам“ – одична соработка на Дуке Бојаџиев и Каролина Гочева

Откако под закрила на „Авалон продукција“ одржаа прекрасни концерти во античките театри во Битола и Охрид, „Македонското девојче“ Каролина Гочева и светското, а наше македонско момче Дуке Бојаџиев решија да ни ги разгалат душите со својата прва заедничка песна! Станува збор за темата насловена „Зборови немам“, која е комплетно авторско дело на Дуке (музика, текст и аранжман), снимена е и продуцирана во студиото „Gaea Music“ во Њујорк, а вокалот на Каролина е снимен во студиото „MarryPhat“ на Ивица Јанкуловски во Скопје.

Песната својата премиера ја доживеа синоќа на Фејсбук и веќе собра преку 20.000 прегледи на Јутјуб, а како звучи оваа прекрасна соработка на Дуке и Каролина можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑