Балкан iks-faktor-x-factor-x-faktor-ziri-takmicenje-1380204760-371963

1 октомври, 2013

Завршија аудициите на X Factor

Во изминатите пет дена се одржаа аудициите за првиот регионален X Factor, а жирито составено од Жељко Јоксимовиќ, Кики Лесендриќ, Емина Јаховиќ и Кристина Ковач имаа можност за прв пат да ги слушнат и видат сите триста кандидати кои ги поминаа предаудициите. Следната фаза е регрутниот камп во кој својот талент пред жирито ќе го покажат најдобрите 120, а најинтересните кандидати од аудициите гледачите ќе имаат можност да ги видат од 29-ти октомври на ТВ Пинк и ТВ Сител.

„После пет напорни, но и возбудливи дена, жирито и публиката уживаа во најразличните интерпретации на пријавените натрпеварувачи. Кандидатите најчесто избираа странски поп хитови, но и познати домашни композиции, а најинтересните детали, како и реакцијата на натпреварувачите на коментарите од жирито ќе можат да се видат кон крајот на октомври на ТВ Пинк, кога ќе започне емитувањето на најпопуларниот музички натпревар на планетата – X Factor. Многу сме задоволни и од жирито и од кандидатите, навистина веруваме дека нашиот X Factor ќе биде еднакво популарен како и останатите во странство. Следната фаза е селекција на 120-те најдобри кандидати кои ќе се најдат во втората фаза на натпреварот – регрутниот камп кадешто ќе видиме како натпреварувачите се подготвуваат за понатамошното натпреварување и уште еден настап пред жирито“ – порачуваат од продукцијата.

Првопласираниот, второпласираниот и третопласираниот натпреварувач во супер финалето ги очекуваат вредни награди, а победникот го очекува и снимање на музички албум, комплетно водење на кариерата и луксузен автомобил. Супер финалето на X Factor е закажано за крајот на февруари следната година во Комбанк арената во Белград, кога покрај суперфиналистите ќе настапи и една светска музичка ѕвезда.

Извор: xfactoradria.com



Врати се горе ↑