Македонија Baner 1280 x 720 video

21 септември, 2013

Заврши првиот „Калиопи Фан Фестивал“

Деновиве заврши првото издание на „Калиопи Фан Фестивалот“ – велиме прво бидејќи поради големиот интерес кој го покажаа фановите и љубителите на музиката на Калиопи на интернационално ниво, фестивалот ќе прерасне во традиција со мотото „Ние сме интернационални – но едно!” Како што е познато, фестивалот се одржуваше онлајн и пред сè е фокусиран на социјалните мрежи, а на годинешното издание се избираше најдобрата караоке верзија на една од песните од актуелниот албум „Мелем“, кој Калиопи го претстави во март годинава.

Победничката на првото издание од овој фестивал е Медина Хаџиќ од Босна и Херцеговина, која ќе има чест да се запознае со Калиопи и заедно со неа да ужива во убавините на Македонија. Нејзината изведба на „Мрвица“ можете да ја видите во продолжение.

 

 

Второпласираната Амра Османџиковиќ, исто така од Босна и Херцеговина, ќе има можност да биде во бекстејџ на еден од големите концерти на Калиопи, во рамките на турнејата „Мелем“, оваа есен. Нејзината изведба на „Вучица“ можете да ја погледнете во продолжение.

 

 

Третото место го освои Мери Ленехан од Ирска, која ќе го добие новиот албум на Калиопи  „Мелем”  и сувенири со посвета од Калиопи. Нејзината изведба исто така на „Вучица“ можете да ја погледнете во продолжение.

 

Честитки за сите учесници на овој интересен фестивал, кој уште еднаш докажа дека за музиката нема граници! Се надеваме дека со секое следно издание ќе има сè поголем број учесници од сите краишта на светот.

 

 



Врати се горе ↑