Галерија IMGM8163

17 јули, 2017

Заврши „Пивофест 2017“

Уште еден фестивал на пивото за паметење. Сношти заврши петнаесеттото јубилејно издание кое помина во знакот на одличната организација, секогаш вкусната скара, ладното пиво, како и одличната забава каква што доликува за најголемото случување во годината во Македонија.

Во изминатите четири дена посетителите имаа можност да уживаат во различните хитови на популарните ѕвезди и во програмата која ги опфаќа сите генерации. Четвртата вечер кулминираше со настапот на „Тајфата“ и Димитар Андоновски, Џамбо Агушеви оркестар како и балканската мегаѕвезда Северина.

IMGM7685

„Јас му се заблагодарувам на градоначалникот и на организаторите што повторно ме поканија да настапам на ’Пивофест’, тоа значи дека љубовта е заемна, вечерва ќе има добра забава и многу пиво“, кажа Северина.

Градоначалникот Марјан Ристески упати голема благодарност до ЦГИ, организаторите и до сите институции и угостители кои дадоа максимален придонес се да биде во ред и за јубилејниот 15. фестивал на пивото и скарата.

IMGM8047

 

Сношти на сцената шармантната и сексипилна водителка Марјана ги најави добитниците на новата наградна игра односно изборот на најдобра селфи фотографија, а наградените крушевчани имаа можност да се дружат со своите омилени пејачи зад сцената и да ја добијат маскотата мајмун.

Изминатите четири фестивалски дена донесоа многу забава, многу испиено пиво, изедена скара и спомени за вечно паметење. На сцената застанаа многу ѕвезди од земјата и балканот. Фестивалот го оправда мотото „Едноставно најдобри“, под кое се одвиваше оваа година и докажа дека останува број еден најголемо и најмасовно случување во годината во државата.

IMGM7646

Извор: Курир.мк / Фотографии: Пивофестивал.мк



Врати се горе ↑