Концерт

14 јануари, 2019

„Засекогаш во срцата“ – Битолскиот камерен оркестар со најголемите хитови од Тоше во Битола

Камерниот оркестар на Битола годината ја започнува со концерт посветен на најголемите македонски евергрини и незаборавни песни од нашата легенда Тоше Проески, кои на настанот соодветно насловен „Засекогаш во срцата“ ќе ги изведуваат: Елена Ристеска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Димитар Андоновски, Антонија Гиговска, Бојан Стојков, Елена Петреска, Тамара Стојковска и Ана Гаштарова.

Концертот ќе се одржи еден ден по роденденот на Тоше, на 26 јануари во Центарот за култура – Битола, кој е и организатор на настанот, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 17 јануари.

Не го пропуштајте првиот настан на Камерниот Оркестар за оваа 2019 год. Влезниците ќе бидат пуштени во претпродажба од…

Gepostet von Камерен Оркестар на Битола – Chamber Orchestra of Bitola am Freitag, 11. Januar 2019



Врати се горе ↑