Македонија 582017_10152030433623395_548432954_n

16 ноември, 2013

Заради здравствени проблеми, Калиопи го одложи концертот во Загреб

Заради здравствени проблеми предизвикани од силни бубрежни болки, Калиопи е приморана да ги откаже сите активности и термини за престојниот концерт во Загреб, пишува во соопштението на нејзината официјална страница на Фејсбук. Калиопи во моментов е под лекарски надзор на уролог и во наредните неколку дена ќе ѝ биде извршена ласерска операција за разбивање на бубрежен камен.

Заради целата новонастаната ситуација Калиопи е во шок затоа што со голема радост и желба се подготвуваше за настапот пред хрватската публика. Нејзината прва реакција била со лекарска помош и надзор да ги одржи пробите и концертот, што од страна на лекарите, нејзиниот менаџерски тим и продуцентот на концертот, Томислав Кашљевиќ, не е одобрено.

Калиопи ќе го одложи планираниот концерт во Загреб до првиот слободен термин, поточно за 18-ти февруари 2014 година. Согласно со тоа се одлага и концертот во Скопје којшто беше планиран за декември оваа година.



Врати се горе ↑