Македонија

21 октомври, 2016

Заради одлуката на ЗАМП откажан е „Скопски фестивал“

Заради актуелната забрана за емитување македонска музика, годинава нема да се одржи фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2016“, соопштија од МРТ.

„Со оглед на фактот што за реализација на фестивалот се потребни вложување на време и труд на голем број најразлични профили и големи финансиски средства, а престанокот на забраната од ЗАМП е неизвесен, Македонската Радио Телевизија реши да го откаже одржувањето на годинашното издание Скопскиот фестивал“, пишува во соопштението.

„Истовремено ваквата одлука, МРТ дополнително ја поткрепува со ноншалантниот однос и немањето слух ниту став и одговор од ЗАМП во однос на официјалното барање на јавниот радиодифузер за изземање од забраната во текот на емитувањето на директниот пренос од годинашново издание на Јуниорскиот Евросонг во Малта, на којшто како претставник на Македонија настапува нашата Мартија Станојковиќ.

Барањето беше поднесено на 05.10.2016 година, а поради немањето официјален став од страна на ЗАМП, македонската песна претставничка немаше официјална телевизиска промоција со што МРТ беше принудена несоодветно и нецелосно да одговори на веќе востановените и прифатени процедури и обврски кон ЕБУ“велат од МРТ, додавајќи дека ќе ја почитуваат и овој пат забраната на ЗАМП, без оглед на скандалозниот медиумски преседан којшто дефакто ќе биде предизвикан од ваквиот потег во тек на директниот пренос.



Врати се горе ↑