18 март, 2017

Зара Ларсон и „Клин бандит“ ја екранизираа својата „Симфонија“

Британскиот бенд „Клин бандит“ и шведската ѕвезда Зара Ларсон го објавија видеото за нивната соработка, која го носи насловот „Symphony“, а како што пишуваат бројни музички медиуми, оваа необична поп рапсодија е потенцијален летен хит.

Песната е трет сингл од вториот албум на „Клин бандит“, а воедно е и најава за новиот албум на Ларсон, кој ќе пристигне в петок. Како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑