Македонија 3

11 април, 2014

Запросување на настапот на Тајзи

Вчера вечерта во Експо Центар се одржа концертот на С.А.Р.С. Пред илјадната публика, Тајзи со својот бенд (диџеј Андреј Ѓошев и Боге Конга) имаше 40-минутно шоу. Настапот на Тајзи беше испратен со многу врисоци, во еден глас се пееја сите негови веќе добро познати хитови на македонската публика.

Во добар дел од неговите песните, Тајзи како артист ја пропагира љубовта како тема и инспирација на животот, токму и тоа се случи. Како изненадување на вечерта, анонимен  охрабрен дечко се качи на бината и ја запроси својата девојка токму пред добро познатиот хит на Тајзи насловен „Љубов’’. Присутната публика не остана рамнодушна на овој чин, се слушаа аплаузи од сите страни во салата.

На младиот пар им посакуваме среќа во заедничкиот живот и нека ова биде пример за сите заљубени парови, како што изјави и Тајзи на самиот настап – „На љубовта треба да ѝ  се погледне право во очи!“.



Врати се горе ↑