Аудио st1

25 декември, 2013

Запознајте го „Светот“ на Стерео Типовите

По двата успешни видео синглови – „Мој свет“ и „Јави се“, српскиот состав  Стерео Тип го објави долгонајавуваното ЕП издание насловено по контроверзната тема „Мој свет“, за која е снимен уште поконтроверзен видео запис во кој идејниот водач на групата, Паја Богдановиќ отворено го вперува прстот кон светските моќници.

Покрај веќе споменатите теми, на изданието повторно е снимена и песната „Стереотип“, која се наоѓа и на првиот албум на групата, потоа и „Последњи стих“ која настана како плод ос соработката со реномираниот писател, новинар и публицист Милан Б. Поповиќ, како и песната „Кандидат“. Со ова издание, Стерео Тип ќе направи преседан на српската сцена бидејќи покрај веќе екранизираните песни, видео презентации ќе добијат и сите останати теми.

Снимател и продуцент беше Немања Поповиќ, голема улога имаше и Душан Свилокос, кој ја потпишува продукцијата и мастерингот, а исто така свирел гитара и дал свој придонес кон аранжманот на песната „Последњи стих“. Музиката и текстовите, како и до сега, ги потпишува лидерот на групата, Паја Богдановиќ.

ЕП иданието „Мој свет“ може бесплатно да се преземе од овој линк.

 



Врати се горе ↑