Македонија 76920_10151283657559915_565616549_n

22 јануари, 2013

Запознајте го Марко АА

Веќе нема потреба да се потсетуваме на она што сите многу добро го знаеме дека Македонија изобилува со музички таленти, а ние Ви претставуваме уште една нова надеж. Станува збор за младото талентирано момче од Скопје, Марко Аднонов – Ацев или накратко Марко АА, кој воодушевува со неговиот одличен вокал. Марко до сега има снимено две преработки на песните „House of the Rising Sun“, евергрин од шеесеттите години од бендот Енималс, а деновиве ја објави и изведбата на „Gimme Shelter“ од Ролинг Стоунс. Во продолжение уживајте во одличните изведби на ова надежно момче.

 



Врати се горе ↑