Македонија 12108710_953553661357839_1001834889573634926_n

19 октомври, 2015

Запознајте ги учесниците во шоуто „На иста адреса“: Марио и Вики

Поради големиот интерес на македонската јавност,  неодамна започна рубриката за запознавање на учесниците на првото македонско реално музичко шоу „На иста адреса“, во чии рамки досега имавте можност да дознаете нешто повеќе за Алмир Исмаили, Зои Блаж, Игор Митровиќ и Александра Михова, а сега на ред се кумановецот Марио Агангеловски и гевгеличанката Виолета Јованџикова.

Марио Арангеловски

Што вели Марио за себе:
„Роден сум во Куманово на 30.10.1995 година. Имам завршено во СОУ ’Перо Наков’ во Куманово (Економско, средно уличиште), сега сум студент на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институт за Социологија. По љубовта кон музиката, фотографијата е нешто што често го негувам. Но, музиката ми е веќе професија, а фотографијата хоби. Пред околу 2 години активно се занимавав и со манекенството и моделството. Сум учествувал во неколку проекти во и вон Македонија. Спотови, сесии, списанија за убавина, реклами итн. Досега имам снимено 3 авторски песни: „Без тронка сомнеж“, „По тебе луд“ и „Ѓавол те поткупи“.

Талентот за пеењето и љубовта кон музиката сум ги наследил од мојот покоен дедо, кој своевремено бил музичар и менаџер на една од најпознатите групи во Куманово, ’Глечери’.

Што се однесува до моето хоби, поточно, фотографијата.. мојата муза и вечна инспирација е сестра ми, Маја Арангеловска, која работи како модел и ТВ презентер на локална кумановска телевизија. Таа е експеримент за сите мои идеи, кога е фотографијата во прашање. Што на крајот се воспоставува дека јас и ги имам направено најубавите фотографии, иако има работено со многу професионалци, што во Македонија, што надвор од неа.

Музиката за мене претставува начин на комуникација. Интеракција на еден човек со толпа луѓе. Единствено преку музиката може да се изразиме на вистинскиот начин. Музиката што ја слушаме е огледало за самите нас.

До пред неколку години, бев многу лимитиран, кога е музиката во прашање. Слушав само метал и сентиментална музика. Но, откако почнав професионално да се занимавам со музиката, почнав да слушам се, својот глас да го провлекувам преку различни жанрови и често се прилагодувам. Иако, и понатаму имам јасно и здраво размислување околу тоа што е квалитетна музика, а што не. Нешто што најмалку ми одговара и нешто во што воопшто не уживам е турбо фолкот или така наречената модерна музика со турбо трилери. Поп – рок музиката е нешто што најчесто го слушам и практикувам да го презентирам на свирки, настапи, натпревари итн.

Модата е исто така нешто на што се посветувам. Сметам дека парите не се тие кои на човекот му овозможуваат да има стил. А, јас, како некој што се стреми кон тоа да стане јавна личност, сакам да изгледам целосно, па освен доброто пеење, да имам впечатлив стил на облекување и однесување.

Студирам социологија, не затоа што сакам да бидам социолог, туку, затоа што сметам дека таа е една од најдобрите општествени науки во која се опфатени сите сфери од науката, и по завшувањето на истиот, ќе бидам образован пејач. Пејач што нема само да пее, туку ќе биде повикан во емисија да дискутира за сè и сешто, без влакна на јазикот, притоа да има објаснување и аргументи.

Дури бев малачок, бев страстен фан на германската рок група „Токио хотел“, со која слободно можам да кажам дека израснав. Но, потоа, моите гледишта кон музиката се проширија, па почнав да слушам „Најтвиш“, „Епика“, Мерлин Менсон итн. По целиот тој процес на анализирање на бендови и метал музиката, се свртев кон оваа, модерната. Луѓе на кои им се восхитувам (како пејат) се Џеси Џеј, Адам Ламберт, Џош Гробан, Мајкл Мор итн.

Кога е македонската естрада во прашање, пред сè сметам дека таа не постои. Но, постајат и те како добри вокали во Македонија. Освен покојниот Тоше, Влатко Лозаноски, Каролина, Дани Димитровска, Александра Пилева и уште неколку се луѓе кои внимателно ги слушам и учам од нив.

Имено, мојот приватен живот е доста урбан. Најголемото богатство што го имам е љубовта и почитта која ми ја дарува мојата сестра, како и другарите, кои ги имам откако знам за себе, и покрај се што се менува, тие остануваат исти, ме прифаќаат таков каков што сум и секогаш се брутално искрени со мене, што најмногу го почитувам. Впрочем, јас сум човек без предрасуди, за мене постојат само добри и лоши луѓе, секоја останата припадност или категорија е за мене помалку важна, поточно, воопшто не е важна.“

Доколку сакате да дознаете повеќе за Марио и останатите учесници во шоуто „На иста адреса“, лајкнете ја нивната официјална фејсбук фан страница на следниов линк.

ВИОЛЕТА ЈОВАНЏИКОВА

Виолета Јованџикова е родена на 05.12.1992 год во Гевгелија, каде што го завршила и своето основно образование. Во моментот студира на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Во основно училиште таа била дел од училишниот хор, каде вели започнала и нејзината кариера. Јавно, за првпат се појавила во шоуто „Сите наши песни“ во 2012 година. Исто така, Вики била една од 15-те избрани учесници од Македонија кои заминале во Белград на шоуто „Звездите на Гранд“ во 2014 година.

Вики вели: „Имам песна која што ќе ја промовирам по завршувањето на шоуто, воедно и моја прва песна”.

Во моментов таа е дел од првото македонско музичко реално шоу „НА ИСТА АДРЕСА“, кое се емитува на Алфа телевизија. Синоќа таа имаше одличен настап и уште еднаш го покажа својот моќен глас. Сигурни сме дека цврсто ќе чекори и до самото финале. Доколку сакате да дознаете повеќе за Вики и останатите учесници во шоуто „На иста адреса“, лајкнете ја нивната официјална фејсбук фан страница на следниов линк.



Врати се горе ↑