Балкан tb

5 мај, 2015

Запознајте ги српските панк-рокери „Трансфер блама“

На љубителите на панк-рок музиката и тврдиот звук им претставуваме уште една одлична екипа од Србија – групата „Трансфер блама“, оформена во февруари, 2012 година, која е решена да го освои целиот Балкан. Бендот од Пожаревац, составен од Никола Симоновиќ (вокал), Стефан Миленковиќ (соло гитара/вокал), Никола Станковиќ (ритам гитара), Александар Мирковиќ (бас гитара) и Марко Марковиќ (тапани), во 2013 година ги сними своите први демо материјали, а пред неколку недели заврши со снимањето на албумот кој ќе го носи насловот „Инкубатор звука“.

„Албумот во целост го снимавме и продуциравме во студиото ’Парадокс’ кај Срѓан Бранковиќ од ’Аналогија’. Исто така, во истото студио го снимивме и видео записот за актуелниот сингл ’Воз’, кој ќе се најде на албумот заедно со уште шест други песни. Објавувањето на албумот го планираме за летово“, открива гитаристот Стефан Миленковиќ.

Нивната музика ја карактеризираат мелодични гитарски рифови, певливи рефрени, скромни напливи на хардкор, како и текстови збогатени со сатира и здрава доза на хумор. „Трансфер блама“ можете да ги следите на Фејсбук, а нивниот актуелен сингл „Воз“ можете да го погледнете во продолжение. Уживајте!

www.reverbnation.com/transferblama

 

 



Врати се горе ↑