Настани 11053376_896603833711628_5595511656564053008_n2

15 април, 2015

Започнува саемот за книга во Велес‏

По повод „Недела на книгата“, клубот „Матица“ ги поканува сите љубители на пишаниот збор да го посетат Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, домаќин на манифестацијата „Да за книга“.

Во четврток, на 16 април со почеток од 11 часот и 30 минути и официјално ќе се отвори Саемот на книга кој ќе трае до сабота, 18 април. На свеченото отварање свое обраќање до медиумите ќе имаат градоначалникот на општина Велес, м-р Славчо Чадиев, директорот на Народниот Театар, г-дин Јордан Витанов и директорот на „Матица“, г-дин Дејан Павлески.

Да за книга“ е саемот за книга кој од 16 до 18 април ќе биде центар на случувањата во Велес и регионот. Од четврток до сабота, саемот за книга ќе биде отворен од 10 часот до 22 часот.

Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес е отворен за сите љубители во книгите кои ќе си ги збогатат своите полици со најновите и најбараните наслови од клубот „Матица“.



Врати се горе ↑