Македонија

12 април, 2019

Започнува потрагата по новата македонска „Ѕвезда број 1“

Со минатогодишното обновување на фестивалот „Мел-фест, најавено беше и ново музичко шоу, како нов и интересен проект за заживување на нашата музичка сцена, зад кој застанаа поп-пејачката Елена Петреска и Бане Поповиќ од продукцијата „Томато“.

„Караванот тргнува, а сите кои имаат талент и се подготвени да застанат на сцената имаат шанса да си го остварат сонот. Ќе избираме Ѕвезда број еден, а караванот каде талентите ќе можат да се пријават на аудиции, тргнува низ градовите утре. Значи, утре сме во Гевгелија, во 12 часот во Пионерски дом, а потоа и во Струмица, во 18 часот, во клубот Селект. Во недела сме во Кавадарци во 12 часот во Реборн, а потоа од 18 часот во Штип, во Дом на млади. Сите кои имаат желба да станат дел од нашето естрадно небо можат да дојдат и да запеат на аудициите“, раскажа Петреска за „Фокус“.

Звезда број 1 започнува со аудиции овој викенд:13ти април(sabota)⬇️ – Гевгелија од 12ч во Пионерски дом.- Струмица од…

Gepostet von Zvezda Broj 1 Talent Show am Mittwoch, 10. April 2019

 

Проектот насловен „Ѕвезда број 1“ ќе се емитува на 1ТВ, каде што секој ден од понеделник до петок ќе има 30-минутни емисии во чии рамки ќе бидат претставени кандидатите од сите градови. Потоа ќе следат и емисиите на големата сцена во кои ќе се натпреваруваат кандидатите што ќе ја поминат првата селекција. Голема емисија ќе се емитува секоја седмица, во времетраење од два часа, откри Петреска.

Во однос на наградите за најдобрите, предвидено е десет финалисти од шоуто да добијат снимање на песна и видео за истата, а за победникот договор и снимање албум, но листата на награди сè уште не е комплетирана и следуваат многу изненадувања за финалистите.

 

Odbrojuvame… 🌟🌟🌟 4 denovi do pocetokot na najgolemoto Muzicko Talent Shou vo Makedonija 🌟Zvezda Broj1🌟 Bidete podgotveni, karavanot trgnuva!Audiciite zapocnuvaat vo #gevgelija #strumica #kavadarci i #stip ☝️☝️☝️☝️🎤📸🎥🎤Kandidatite spremni so 2 pesni, edna makedonska I edna stranska.So sreka! 🍀🌟@mermerenkombinat @pepsimakedonija @zegin_pharmacy@vitaminka.mk@melfestprilep@tomatoproduction@elena__petreska

Gepostet von Zvezda Broj 1 Talent Show am Montag, 8. April 2019

 

За повеќе детали, следете ја фан-страницата на Фејсбук.



Врати се горе ↑