Настани Gitarijada by Ivica Ivanovic

29 јули, 2014

Започнува најголемиот рок фестивал во регионот „Гитаријада 2014“

Во среда, 30 јули, започнува 48-мото издание на Гитаријадата во Зајечар, фестивал кој со нетрпение го очекуваат сите љубители на рок музиката. Официјалната програма, на која ѝ претходеше Рок Академијата посветена на натпреварувачките бендови кои годинава доаѓаат од шест различни држави, започнува во среда на Феликс Ромулијан, а следните три дена ќе се пресели во самиот град Зајечар, во кој се организирани бројни настани на кои посетителите ќе имаат можност да се забавуваат, но и да се едуцираат во градот на Тимок, кој во текот на Гитаријадата станува престолнина на рокенролот.

Прљаво Казалиште, Партибрејкерси, Рибља Чорба, Кербер, Гоблини, ЈУ Група, Атомско Склониште, Ван Гог, Дет Со (Death Saw), Влада Дивљан, Лајко Феликс се само дел од учесниците на 48-мата Гитаријада, а комплетната програма која ќе трае од 30 јули до 2 август може да се види на веб страната и преку андроид апликацијата на фестивалот. Како што е познато, единствениот македонски бенд на Гитаријадата годинава се кавадарчаните  Смоук Шејкерс (Smoke Shakers).

Фотографии: Ивица Ивановиќ

 

www.gitarijada.org

www.facebook.com/Gitarijada



Врати се горе ↑