2 јуни, 2016

Започнува „Макфест 2016“

Вечерва со почеток од 20.30 часот ќе започне годинешното, 31. издание на фестивалот на забавна музика „Макфест“, чиј директен пренос ќе можете да го следите на МРТ 1. Директорот на фестивалот, Љупчо Мирковски, на денешната прес-коференција рече дека годинава ќе продефилираат 30 интерпретатори во двете полуфинални вечери, а 20 од нив ќе настапат во финалето во сабота. Новина од оваа година е тоа што и самите пејачи ќе можат да гласаат за нивните колеги, поточно за тројца од нив за кои сметаат дека имале најдобра песна. На нив се додаваат гласовите од телефонското гласање и жирито.

„Кога ќе ги собереме сите ќе имаме единствена бројка. Ќе ги претвориме во евровизиски систем на гласање“, рече Мирковски.

Покрај 23 домашни изведувачи, оваа година ќе учествуваат и седум странски интерпретатори. Интепретатор од Австрија со македонско потекло, Џими Роџерс, со својот ансамбл од Австрија, ќе настапи со од него компонирана песна „My Seven Eights“, што во превод на македонски е „Моите седум осмини“.

„Овој пат се обидов да направам една комбинација на македонски ритам, а пеам на англиски. Значи се обидувам да дадам интернационална нота на македонските ритмови“, вели Роџерс.

Сите учесници ќе се натпреваруваат за трите главни награди. Најдобрата песна на фестивалот ќе биде наградена со 10.000 евра, за втората награда се предвидени 7.500 евра, а третонаградената песна ќе добие 5.000 евра. Покрај главните награди, ќе бидат доделени и наградата за најдобар аранжман, сценски настап, чија вредност изнесува 1.000 евра. Фестивалот е во организација на локалната самоуправа, а финансиски е поддржан од Министерството за култура и од Општина Штип. Интерпретаторите своите песни на сцената во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип ќе ги пеат во живо, а во придружба на ревискиот оркестар на МРТВ.

Прва полуфинална вечер:

1. Лена Заткоска – Да сум твоја
2. Зоран Рудан- Цеки – Душа балканска
3. Стефан Давидовски – Што ќе ми е друга
4. Александра Јанева – За сто години
5. Викторија Лоба – Ти знаеш најдобро
6. Мартинијан Кириловски – Смрзната во прегратка
7. Дејан Тасев – Ќе немам сила
8. Александра Михова – Да ми помине баш сè
9. Горан Наумовски – Кога беше крај мене
10. Џокси – Тројца
11. Џими Роџерс – Мy Seven Eights
12. Ања Ветерова – И покрај сè
13. Џудит ван Хел – Unknown
14. Марија Масле – Balcaton
15. Трио Џентлмен – На иста улица

Втора полуфинална вечер:

1. Огнен Здравковски – Дај кажи ми
2. Ѓоко Танески – Сè да замрзне
3. Томас – Оди си
4. Сара Мејс – Најсреќна
5. Антонија Гиговска – За нас
6. Каролина Фурберг – Only Love Can Break Your Heart
7. Симона Попоска – Ќе најдам друг
8. Филип Божиновски – Има ли вистина
9. Ива Христовска – Заедно сме тим
10. Лајла Семјуелсен – Last Day Of Our Lives
11. Марија Груевска – Ме имаш
12. Милена Драговиќ – За обоје
13. Тане Ѓуревски – Пирсови на душа
14. Ѓорѓи Димитров – За тебе роден
15. Лајам Гедес – Game Of Love

Извор: Курир



Врати се горе ↑