Настани 819dc093-d225-412f-ade0-4da088a6f893

12 јануари, 2015

Започнува големата василичарска прослава во Вевчани

Во Вевчани започнува главната музичка програма во чии рамки пред посетителите со свои настапи ќе се претстават повеќе значајни музички имиња од земјава и регионот. Вечерва (12 јануари) задолжена за големата василичарска прослава е легендарната хрватска група „ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ“ која веќе пристигнаа во Вевчани и најавува вистинско рокенрол доживување.

Првиот концерт во 2015 година, по дочекот на Новата година во Хвар, ’Прљаво Казлиште’ ќе го има токму во Вевчани, на Вевчанскиот карневал. Веќе од претходно знаеме дека Македонија и ’Прљаво Казалиште’ се сакаат јавно и секое гостување е вистинска веселба за целиот бенд.
Со нетрпение ја очекуваме свирката во Вевчани на карневалот и љубобитни сме да видиме за нас нешто ново и поинакво. Чувме за долгата традиција на овој карневал и чест ни е да бидеме дел од ова случување. Ги повикуваме сите да ни се придружат на концертот и ветуваме вистински рокерски провод
“, вели Јасенко Хоура од „Прљаво казалиште“.

Музичката програма оваа вечер ќе ја отвори „СУПЕРХИКС“, еден од најуспешните македонски бендови, познат по секогаш енергичните и еуфорични настапи, кој за оваа прилика ветува незаборавен провод.

Да настапуваш на еден од најстарите κарневали под масκи на балκанот претставува посебна чест и задоволство за било κој изведувач. Вевчани е тоκму тоа, оригинална манифестација κоја храбро преκу своите масκи ги отслиκува и исмева лоκалните и светсκи политичκи моменти, а ние κаκо ’Супеρхиκс’ по цели седум години од нашиот последен настап таму повторно ја имаме таа чест да настапиме на истиот. Овој василичарсκи понеделниκ во Вевчани ќе се потрудиме да биде луд и незаборавен за сите посетители. Настапуваме час и половина и ќе ги изведеме сите наши хитови κаκо и две преработκи на наши теми од κоја една во рап стил (веројатно најлошиот рап било κога направен, но вреди да се види и чуе тоκму заради тоа). ДА ЖИВЕЕ ТΡАДИЦИЈАТА! ДА ЖИВЕАТ ВЕВЧАНСΚАТА ΡЕПУБЛИΚА И ΚАΡНЕВАЛОТ!!“, порачуваат момците од „Суперхикс“.

Утре, на 13 јануари музичката програма на Вевчанскиот карневал ќе ја предводи музичкото име кое на најдобар начин го негува традиционалниот македонски звук, групата „ЉУБОЈНА Брас Фантази“, како и популарната македонска фолк пејачка ЕЛЕНА ВЕЛЕВСКА. Старата нова година – Василица оваа вечер ќе биде пречекана и со голем огномет.

Најголемата атракција и изненадување на Вевчанскиот каневал се секако резервирани со карневалската поворка и василичарите кои своите маски до последен момент ги чуваат во најстрога тајност. Утре (13. јануари, вторник) нè очекува големото василичарско дефиле со кое Вевчани и секоја негова улица ќе се претворат во најуникатниот и единствен уличен театар без режија. Една од најголемите културни знаменитости во нашата земја, Вевчанскиот карневал е подготвен да ги пречека бројните посетители во Вевчани сето завиено во својот автентичен и мистичен дух и секако со специфичната порака со која вевчанци ја испраќаат изминатата година и ја пречекуваат новата, подобра година со желба таа да биде покретивна, поубава и побериќетна.

Пасошите се подготвени и ве очекуваме во Вевчани на најголемото василичарско доживување!

Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот која се негува повеќе од  1.400 години и кој според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски. Се одржува за време на василичарските празнувања под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија, а генерален спонзор е Т-Мобиле.

ПРОГРАМА НА ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ 2015
Датум: 12.1.2015 – понеделник
20.00 часот: Музичка програма (Концерти на Суперхикс и Прљаво Казалиште)
Датум: 13.1.2015 – вторник
13.00 часот: Почеток на Церемонијата
14.00 часот: Поворка на Карневалот
20.00 часот: Музичка програма (концерти на Љубојна Брас Фантази и Елена Велевска)
Датум: 14.1.2015 – среда
02.00 часот: одење на Вевчанските извори
14.00 часот: Палење на маските



Врати се горе ↑