Настани d19344e0-a5f3-4968-9274-1e3dc8aa17c8

2 декември, 2015

Започнува акцијата на „Таксират“ – „Друштво звучи супер“! Побрзајте за вашиот билет

По распродажбата на промо-билетите и билетите со најповолната цена во претпродажба, фестивалот „ТАКСИРАТ“ за својата главна вечер го најавува почетокот на најдругарската акција 4+1 која секогаш ја развеселува драгата публика со пакет-влезници и подарок за друштвото на „таксиратлии“. Овогодишното партнерство на ТАКСИРАТ и СКОПСКО, пред фановите на фестивалот ја претставува оваа специјална акција насловена „ДРУШТВО ЗВУЧИ СУПЕР“, во чии рамки успешната соработка на „Таксират“ и „Пивара Скопје“ АД, ќе ги развесели сите „жедни“ љубители на добрата музика.

Во рамките на оваа акција продолжува традицијата на групно купување влезници кое носи подарок влезница за еден член од вашиот омилен фестивалски тим. Имено, секое четиричлено друштво кое заедно ќе ги купува влезниците за ТАКСИРАТ по актуелната цена од 899 денари, добива уште една влезница подарок за петтиот член во друштвото.

Најдобрата забава е секогаш кога сте опкружени со најдобрите пријатели, а покрај тоа акцијата „ДРУШТВО ЗВУЧИ СУПЕР“ се чини одлична и за да го одбележите крајот на 2015 со фестивалското финале на ТАКСИРАТ и воедно меѓу првите да ја започнете празничната сезона со подарок влезница за еден од вашите најблиски пријатели или за вас самите.

Твое време е! Собери ја омилената ТАКСИРАТ екипа и заедно израдувајте еден член од вашето друштво со подарок влезница!

Акцијата „ДРУШТВО ЗВУЧИ СУПЕР“ се спроведува од денес, 2 декември, па сѐ до 6 декември, односно до кога важи актуелната цена на билетите во претпродажба од 899 денари. На 7 декември, билетите за ТАКСИРАТ ќе се продаваат по нивната полна цена од 999 денари.

Во продажба се и регуларните влезници по редовната цена од 899 денари, како и ВИП влезниците кои чинат 2.000 денари. Акцијата „ДРУШТВО ЗВУЧИ СУПЕР“ и продажбата на регуларните влезници за „Таксират“ се спроведува преку продажната мрежа на МКтикетс.

До главната вечер на фестивалот остануваат само уште пет дена, кога очекуваме посетители не само од Македонија, туку и голем број фанови од соседните земји. На 7 декември на големата сцена во арената „Метрополис“ ќе имаме чест да ги пречекаме виртуозното хрватско дуо кое го освој светот „ТУ ЧЕЛОС“, великаните на музичката авангарда „ЛАЈБАХ, шведската power/heavy метал атракција САБАТОН“, жестоките каталонци ЛА ПЕГАТИНА“, култниот хип хоп состав „С.А.Ф.“ и Тони Китановски со „Литл биг бенд“ и диџеј составот на лондонскиот дабстеп феномен МОДСТЕП за затворање на фестивалот.

ОФ-ПРОГРАМАТА НА ТАКСИРАТ СО ТРИ ЦЕЛОСНО РАСПРОДАДЕНИ НАСТАНИ

Покрај главната вечер на „ТАКСИРАТ“, во рамките на оф-програмата за 17. издание се одржуваат повеќе настани од кои веќе имавме можност да ги проследиме меѓународната ПИН музичка конференција, со која и беше отворен фестивалот, годинашното издание на ЛУЗЕР ФЕСТ“ и распродадениот концерт на „РУНДЕК КАРГО ТРИО“.

Во овој дел на програмата целосно се распродадени и премиерата на новиот хит на Бранко Ѓуриќ – Ѓуро, стенд-ап шоуто „ЃУРОЛОГИЈА“ кое ќе се одржи утре (3 декември) во Дом на АРМ во Скопје, како и првиот солистички настап на „ТУ ЧЕЛОС“  на 4 декември во арената „Метрополис“!

Оф-програмата на „ТАКСИРАТ“ 17 доаѓа и со уште два настани кои паралелно ќе се одржат во Младинскиот Културен Центар во Скопје:

  • РЕТРО МАТИНЕ на 3 декември во МКЦ, Скопје – забавата наменета за пензионерите кои во рамки на овој несекојдневен настан од 11.00 до 18.00 часот со богата програма ќе имаат ретка прилика заедно со „ТАКСИРАТ“ да покажат дека музиката и забавата не познаваат граници и не прашуваат за возраста. Со разновидна програма, музички настапи, модна ревија и видео проекции РЕТРО МАТИНЕ е еден незаборавен ден и исклучетелно забавен настан со најискусните познавачи на скопските подиум;
  • Настанот во знак на одбележување на Светскиот ден на волонтери –Taksirat Volunteers Day на 4 декември во МКЦ, кој вечерта носи специјалната музичка програма „20 ГОДИНИ ТЕ САКАМ“ во знак на пролсавата на 20 години постоење на „Пи-ем-џи колектив“ и 20 години од првиот настап на групата. На „Пи-ем-џи колектив“ оваа вечер ќе му се придружат со настап во живо и групите „Д Џон“ и „Сетстат“, а со диџеј сетови ќе се претстават легендите на македонското клупско небо РОБОТЕК, ДАРКО ЈОРДАНОВ и НИНО НАУМОВ

Билетите за „20 ГОДИНИ ТЕ САКАМ“ се достапни во продажната мрежа на МКтикетс и чинат 100 денари.



Врати се горе ↑