Настани f51cc454-2d0a-4234-8d42-a3b2417be9f0

21 август, 2014

Започнува акцијата „5 + 1“ на Аква Парк Фестивал

Оваа година Аква Парк Фестивал организира акција со поволности за оние кои на фестивалот доаѓаат со своето друштво! Од денес (21 август, четврток)  започнува посебната продажна акција „5+1“ со која вие и вашите пријатели добивате бесплатни влезници за Аква Парк Фестивал. Во рамките на оваа продажна акција, за секои пет купени тридневни влезници за фестивалот, добивате и една тридневна влезница гратис за уште еден член од друштвото. Акцијата се однесува на строго ограничен број влезници и ќе трае сè до истекот на залихите. Сè што треба да направите е да ги оберете петте најлуди членови во вашето друштво и израдувајте го шестиот со бесплатна влезница, а заедно испратете го ова лето на најдобар можен начин со илјадниците фанови на најголемиот „open air “фестивал во Македонија.

Акцијата „5 + 1“ се спроведува само во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат), билетарата на Аква Парк Македонија (Пробиштип) и преку онлајн проджбата на влезниците на овој линк.

Актуелната цена на тридневните влезници за Аква Парк Фестивал изнесува 800 денари и оваа цена ќе важи сè до стартот на фестивалот, на 28 август, кога овие влезници ќе се продаваат по полната цена од  1000 денари.

Покрај фестивалските тридневни влезници со кои добивате бесплатно камп место и бесплатна тридневна влезница за аква паркот, во продажба се достапни и еднодневните влезници:

  • за четврток (28 август) и петок (29 август) – 500 денари во претпродажба / 600 денари на врата
  • за сабота (30 август) – 200 денари

Со еднодневните влезници за фестивалот, за истиот ден добивате и бесплатна влезница за аква паркот.

Сите видови влезници за Аква Парк Фестивал во претпродажба можете да ги купите во продажната мрежа на МКтикетс, поточно во:

  • Продажните салони на ONE во: Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
  • Југотон (ГТЦ 1 кат), МПМ Пресс, Гоги Драчево, Универзална Сала – Скопје, Алпине Спорт – Тетово, Тобако – Охрид
  • Билетара на Аква парк – Пробиштип
  • онлајн на mktickets.mk/aqua-park-festival

Сега е можноста да го искусиш незаборавното доживување на Аква Парк Фест и на најдобар начин да го испратиш ова лето! Екипа со твоите пет пријатели, три возбудливи дена на Аква Парк Фестивал, 72 часа константа музичка програма, три фестивалски бини, повеќе од 40 изведувачи, кампинг, „стејџ дајвинг“ во базен, спуштање по тобоган и уште безброј впечатоци со кои ќе го одбележиш најдобриот провод ова лето!

Второто издание на фестивалот ќе се одржи од 28 до 30 август 2014, во „Аква Парк Македонија“ во Пробиштип и ќе ги угости светските владетели на денс подиумите, најенергичните музички бендови од Македонија и регионот, а ќе ги соочи и македонските претставници на електронската музичка сцена во специјални „бек ту бек“ сетови.

Во вечерната програма на фестивалот, главната бина на фестивалот во четврток (28 август) ќе ги пречека и Јорис Ворн, Тимо Мас, „Дубиоза Колектив“, „Фанкермен“, „ПМГ Колектив“, „Паркети“, „Флудер“,  „Дивизија“„Екс-Ју“ и „Палиндром“, додека пак во петок настапуваат Џон Дигвид, Дарен Емерсон, „Дисциплина Кичме“, „Елементал“, „Бед Копи“, „Грамофонџие“, „Прок&Фитч“,  „Хардфејсд“„Приземје“ и „Плава“. Главната бина на третиот фестивалски ден е резервиран за атрактивните „бек ту бек“ битки на претставниците на македонската електронска сцена. Возбудливите сетови во сабота вечер на Аква Парк фестивал ќе ги престават Ајсберг б2б Лефанк (Iceberg b2b Lephong), Алек Солтиров б2б Милан Серафимов, Стефано б2б Цобе, Виш.ко б2б Феки Фарис (Wish.ko b2b Fecky Farris), Маци б2б Александар Мишкоски, Мацки б2б Васо, Ненат Омен б2б Кристијан Петровски (Nennat Omen b2b Kristijan Petrovsky).

Во раните утрински часови, од 06:00 часот музичката програма на Аква Парк Фест продолжува на „Афтер Парти“ бината лоцирана во аква паркот, каде што за совршената утринска забава ќе се погрижат диџеите „Блексоул“ (Blacksoul), „Грамофонџие“ (Gramophonedzie), Сашо Рисајд (Saso Recyd) и „Базел“ (Bazel).

Покрај вечерната музичка програма и „афтер парти“ настапите, посетителите на Аква Парк Фест ги очекува и дневна музичка програма, со која е загарантирана незаборавната забава додека истовремено уживаат во водените атракции на Аква Паркот. На 28, 29 и 30 август, дневната атмосфера на фестивалот ќе ја вжештат настапите на „Рутбој“ (Rootboy), „Гето Руди“ (Ghetto Rudi), „Гејм Овер“ (Game Over), Адо, „Бранџез“ (Branchez), „Бабура“, Цобе, Стефано и Ацика.

 



Врати се горе ↑