Македонија dsc_5235

28 јули, 2013

Започнаа подготовките за Скопскиот фестивал 2013

Отворен е конкурсот за новите композиции за Фестивалот на забавни мелодии – Скопје 2013. Македонската телевизија за оваа година најавува одлично издание на Фестивалот.

„ Ги отвораме вратите на сите автори, интерпретатори, добронамерници и вљубеници во убавата песна да бидат дел од овој настан. Конкурсот е отворен од 15-ти јули до 15-ти септември, авторите од Македонија, но и од странство, веќе можат да ги пријавуваат  своите композиции за учество,  а за сите дополнителни информации врзани за конкурсот – можат да ги проследат  низ инфо – програмата на МРТ, како и на интерент страницата www.mrt.com.mk“, велат од МРТВ.

Од Македонската телевизија најавуваат дека оваа година Фестивалот ќе има натпреварувачки карактер и предвидени се награди.

„За композицијата со најмногу гласови добиени по пат на телевоутинг, наградата е 1.200.000,00 денари, второпласираната песна ќе се награди со 600.000,00 денари, а третопласираната со 300.000,00 денари. За трите композиции ќе бидат изработени и видео спотови во продукција на МТВ. Се надеваме дека ваквиот високобуџетен награден стимул ќе биде доволен предизвик за учество на овој Фестивал на реномирани автори и изведувачи“, сметаат организаторите на Фестивалот.

Скопскиот фестивал ќе се одржи на 13-ти ноември во новиот објект на Народниот театар.



Врати се горе ↑