Настани соф

4 август, 2017

Започна „Струмица опен фестивал 2017“

Организаторите на фестивалот „Струмица опен 2017“ ја објавија овогодинешната програма за шестото издание што започна на 3 август и ќе трае до 13 август годинава. Велат дека за време на фестивалските денови на петте сцени ќе настапат 80 артисти кои ќе бидат распоредени на 20 различни настани. Последните три фестивалски денови ќе се одржат музички концерти на македонски и балкански музички имиња.

20624635_975828459225885_328138264_n-542x650

На 11 август на сцената ќе настапат „Галија“, Гаро и браќата Тавитјан, Сергеј Ќетковиќ, Јелена Томашевиќ и Жељко Бебек, како и Галоски и „Пата Пата рекордингс“.

Јелена Розга, Дани, „Ван Гог“, „Мистик“ и „Астра-ион проект“ се планирани за 12 август. Последната фестивалска вечер, публиката ќе ги види концертите на Нино Величковски, „Квин реал трибјут“, Дино Мерлин, „Сирилик“ и „Дисконектит“. 

Од „Струмица опен фест“ велат дека во петте изданија имале околу 900 илјади посетители, 400 изведувачи и 100 настани. Повеќе за официјалната и дополнителната програма на Фесјбук.



Врати се горе ↑