Балкан img9290

26 февруари, 2015

Започна снимањето на „Х фактор“

Судиите на регионалниот музички натпревар „X фактор“ ги зазедоа своите места. Бројната екипа, која изминативе месеци вредно работеше на подготовката за втората сезона на најпопуларното музичко шоу во регионот, деновиве има полни раце работа бидејќи започна снимањето на аудициите пред жирито и публиката.

Во студиото со површина од 1.800 квадратни метри, кандидатите кои поминаа на предаудициите, ќе го презентираат својот музички талент пред жирито составено од музичките ѕвезди: Жељко Јоксимовиќ, Масимо Савиќ, Тончи Хуљиќ и Александра Ковач. Судејќи по првичните реакции на публиката, тие одлично се снајдоа во својата улога. На аудициите кандидатите пеат една песна по избор, а потоа жирито одлучува кој заслужува да оди во следната фаза на натпреварот. По настапот на кандидадот, судиите даваат коментар и гласаат. На секој кандидат му се потребни три или четири „ДА“ за да продолжи во следната фаза. Аудициите ќе бидат прикажани во пет мошне возбудливи епизоди, кои ние во Македонија повторно ќе ги следиме на телевизија Сител.

Талент, емоции, нови правила, тешки одлуки, солзи и радост нè очекуваат во новата сезона на „Х фактор“, а што порачаа членовите на жирито дознајте во продолжение.

Александра Ковач: „Очекувам многу талентирани луѓе, а особено ѝ се радувам на улогата на ментор и работата со кандидатите. Многу сум возбудена што ќе бидам дел од жирито оваа сезона!“ 

Жељко Јоксимовиќ: „Морам да признаам дека ми е мило што бев поканет повторно да бидам дел од жирито на Х фактор. Една од причините што прифатив е фактот што овој проект е регионален, а членовите на жирито се личности чија работа многу ја ценам. Се радувам што повторно ќе сретнам талентирани млади луѓе бидејќи ми се допадна работата со нив. Ќе се потрудам со своите совети и искуство да им помогнам да се подобруваат во текот на сите фази на натпреварот, а имајќи го предвид престижот на овој формат во светот, пред сè би сакал победникот на оваа сезона да добие можност каква што заслужува.“

Масимо Савиќ рече дека се надева на едно убаво музичко патување: „Мислам дека Х фактор е еден од најголемите натпревари и љубопитен сум да видам дали има личност која го има она нешто со кое ќе нè освои на сцена. Мило ми е што сите во жирито сме различни, па ќе можеме да им пренесеме поголем спектар на знаења на кандидатите.“

Tончи Хуљиќ oткри каков ќе биде како член на жирито: „Нема да бидам строг, туку токму каков што сум и едвај чекам да го пронајдам тој небрусен дијамант.“

Извор и фотографија: Прва.рс



Врати се горе ↑