Концерт dnk

9 март, 2017

Започна продажбата на влезници за роденденскиот концерт на ДНК

Од денеска и официјално започнува продажбата на влезници за претстојниот концерт на ДНК, со кој популарното ар-ен-би дуо ќе го прослави својот 15. роденден. Славеничкиот спектакл ќе се одржи на 12 мај во арената „Метрополис“, а заедно со Андреј и Панчо ќе слават и нивните специјални гости Роберт Билбилов, Магдалена Цветкоска – Ена, Дарко Илиевски, браќата Тавитјан и многу други.

Почетните ценина влезниците, до 24 април се со промотивна цена од 200 денари за партер, 300 за фан пит и 400 за ВИП, а од 25 април ќе бидат поскапи за 100 денари (300 за партер, 400 за фан пит и 500 за ВИП). Истите можат да се набават преку продажната мрежа на МК Тикетс. Концертот е во организација на ДНК и продукцијата „Горила“.



Врати се горе ↑