Концерт karolina-koncerti

11 декември, 2013

Започна продажбата на влезници за 5-те концерти на Каролина

Како што веќе Ви пренесовме, познатата пејачка Каролина Гочева неодамна го најави својот нов студиски албум „Македонско девојче 2“ со темата „Чалгиска“, а новиот материјал ќе го промовира во рамките на 5-те концерти закажани во термините од 20-24 февруари следната година во Македонската Опера и Балет. Првите примероци од новиот албум ќе ги добијат посетителите на петте концерти, кои со секоја купена влезница на денот на концертот ќе добијат по еден примерок од луксузното дигипак издание на албумот.

Цената на пакетот влезница + луксузно дигипак издание е 600 денари, а веќе од вчера влезниците можат да се набават преку продажната мрежа на Купи карти за сè, како и на билетарата на МОБ. Албумот „Македонско девојче 2“ ќе биде во слободна продажба од 25-ти февруари низ цела Македонија.

Според неофицијални информации на Авалон продукција, Каролина следното лето концертно ќе го претстави новиот материјал и пред нејзините сограѓани во родната Битола. (фотографија долу)



Врати се горе ↑