Настани siget

17 октомври, 2013

Започна продажбата на билети за СИГЕТ 2014

Уште точно 300 дена до официјалното отворање на портите на Сигет 2014! На истата локација во Будимпешта, но овојпат една недела подоцна. Продажбата на билети започна на 15-ти октомври, со специјално ниска цена за најбрзите Сигетанци кои ќе ги набават своите билети до крајот на оваа година!

Сигет 2014 ќе се одржи една недела подоцна од вообичаениот термин. Károly Gerendai, главниот организатор на настанот, изјави:,,Практиката од изминатите изданија покажа дека Сигет се одржува во исто време како и сите позначајни настани во САД и Јапонија, такашто договорањето на термин за настап на големите ѕвезди претставува голем проблем. Нашиот фестивал се избори за  меѓународна популарност, но сепак како организатори би сакале да имаме подобра можност да презентираме силна музичка програма. Освен тоа се надеваме дека Сигет повторно ќе биде изгласан како еден од најдобрите фестивали во Европа.

Сигет Фестивал повторно е номиниран во категоријата Најдобар голем европски фестивал (Best Major European Festivalод страна на престижните European Festival Awards. Јавното гласање е во тек и ќе трае до 1-ви ноември 2013, па сите оние кои го поддржуваат фестивалот може да гласаат за Сигет на следниов линк: http://euvoting.festivalawards.com/.

Инаку, продажбата на билети за Сигет 2014 започнува денес, на 15 октомври, а за најбрзите Сигетанци цените остануваат исти како лани. Тоа значи дека до 31-ви декември билетите за седум дена со кампување ќе чинат 199 евра, а билетите за 5 дена без кампување – 169 евра. Остануваат и можностите за надоградување на билетот со дополнителни услуги за оние кои сакаат поголем комфор за време на нивниот престој на Сигет. За деталите можете да се информирате на www.szigetfestival.com и www.szigetfestival.mk .

Тимот на Сигет веќе интензивно работи на подготовките за фестивалот, па набрзо ќе бидат објавени интересни информации за следното издaние на Островот на слободата! Во меѓувреме можете да ги освежите сеќавањата за Сигет 2013 и да го погледнете најновиот официјален видео запис со најдобрите моменти од последното издание на фестивалот!

 



Врати се горе ↑