12 февруари, 2015

Започна приказната на „Бла Бла ТВ“

Од средата, 4 февруари, започна со зрачење на позитивна енергија и повеќе од 20 емисии во сопствена продукција – порталот www.blabla.mk. На сајтот, покрај “информативните” вести и содржина, веќе почна да врви програмата на првиот интернет портал- телевизија за млади и алтернативни луѓе. „Бла Бла Тв“ ќе ја следи македонската урбана, алтернативна сцена: музичари, актери, режисери, поети, спортисти,  уметници ќе бидат дел од содржината и уредници на програмата и новите емисии на оваа нова современа платформа, која има за цел да го обедини младиот и креативен потенцијал на Македонија.

Еве дел од емисииите и термините на нивно емитување :

–          Понеделник, околу 21.21 часот – „ДОСИЕ ГАРАЖИ” (Документарно-музичка емисија која ги следи алтернативните бендови додека имаат проба)

 

–          Вторник, приближно 20.01 – „КАКО ДА” со Виктор Петров- Викса (хумористична – анти хелпер емисија)

 

 

–          Среда, отприлика 19.46 – „ПРЕСМЕТКА” со Иван Николовски (забавно ток шоу)

 

–          Четврток, негде накај 19.19 – „МАКЕДОНШТИНА” (емисија за македонскиот нарав, битие и суштина)

 

–          Петок, горе- долу 19.19 „ДРАЈВ БАЈ” со Џака (емисија за музичка култура и ментална гимнастика)

 

Покрај овие емисии во продукција на „Бла Бла ТВ“ ќе има и 11 топ листи, повеќе музички монтажни емисии (СОРАБОТКИ, АРТИСТ НА ДЕНОТ,3*3+ФАКТИ, ХИТ НА ДЕНОТ, ЛЕПЛИВИ ПРСТИ, ОД А ДО Ш, ЗАТОА, ГАЏЕТИ), емисијата „КИНО И ТЕАТАР“,  емисијата „ПРОМО БУСТАЊЕ“, која следи настани и случувања, промоции на книги, албуми, изложби; „ПАЗИ ВАМУ“ – емисија за урбани теми  и многу други.

ГЛЕДАЈТЕ УБАВА МАКЕДОНСКА СОДРЖИНА НА www.blabla.mk !



Врати се горе ↑