Балкан CONV_RUBBER_TRACKS_NOVI SAD_LOGO

24 март, 2015

Започна гласањето за „Конверс рабер трекс“!

Над 100 бендови и поединци се пријавија на натпреварот „Конверс рабер трекс“ (Converse Rubber Tracks)! Пријавите пристигнаа од целиот регион, Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина како и од Црна Гора. Овие иновативни и оригинални музичари ќе се натпреваруваат за главната награда – бесплатно снимање во новосадското „Студио М“! Дали ќе успеат во тоа, секако најмногу зависи од посетителите на веб страната  rubbertracks.converse.rs!  Во тек е онлајн гласање кое ќе трае до 4 април.

Со помош на гласањето од фановите ќе се изберат 15 бендови, од кои потоа стручното жири ќе избере 7, кои ќе имаат можност го демонстрираат својот музички потенцијал во живо во „Студио М“. Во стручното жири на „Конверс рабер трекс“ се Мирела Приселац – Реми (Елементал), Владимир Радусиновиќ Радуле (Атеист рап) и Марко Шелиќ – Марчело и тие ќе го прогласат победникот на 15 април.

Избраните бендови или поединци ќе влезат во новосадското „Студио М“ на 4 мај и ќе имаат можност  да снимаат под будното око на домашни и странски продуценти, кои за оваа пригода ќе дојдат од Њујорк и од студиото „Конверс рабер трекс“ од Бруклин. Секој бенд ќе помине 8 часа во „Студио М“ и ќе снима сопствена музика.

Меѓу пријавените од Македонија се бендовите „Визија“, „Колт“, „Проџект 2501“, „Џун“, „Палиндром“, „Само Тони и две жени“ и други. Гласајте за најдобрите на rubbertracks.converse.rs!



Врати се горе ↑