17 септември, 2015

Започна гласањето за европските музички награди на Ем-ти-ви! Поддржете го Даниел Кајмакоски!

Ем-ти-ви деновиве ги објави имињата на номинираните уметници за европските музички награди, годишно доделување кое ги слави најактуелните изведувачи од сите страни на светот. Тејлор Свифт го собори рекордот со тоа што е номинирана во дури девет категории! Нејзиниот мегапопуларен хит „Bad Blood“ е во трка за наградите за најдобар видео запис, најдобра песна и во новата категорија за најдобра соработка.

Веднаш зад неа е Џастин Бибер, кој ќе се натпреварува во шест категории коишто му ги обезбеди неговиот најнов сингл What Do You Mean. Ривалството меѓу Ники Минаж и Мајли Сајрус продолжува, па така минатогодишната водителка на европските музички награди на Ем-ти-ви во категоријата „Најдобар женски изведувач“ ќе се бори против годинешната водителка на неодамна доделените музички награди за најдобри видео записи на Ем-ти-ви. Австралиските ѕвезди „5 секндс оф самр“ ќе се „пресметаат“ со британските херои „Уан дајрекшн“ во категоријата „Најдобар поп изведувач“, а нивните следбеници ќе се соочат на Твитер во категоријата „Најстрастни фанови“.

Гласањето во сите категории, вклучувајќи ја и „Најдобар изведувач од Балканот“ (Best Adria Act), е веќе започнато на MTVEMA.COM, а ќе трае сè до 24 октомври во 23.59 часот, односно до 14 октомври во 23.59 часот за категоријата „Најдобар изведувач од Балканот“, каде што се натпреварува и нашиот Даниел Кајмакоски. Покрај Кајмакоски, „Ту челос“, Марчело и „Хладно пиво“, петтиот натпреварувач во оваа категорија го одбра публиката, а тоа е Сасја. Најдобриот изведувач од регионот ќе го дознаеме на 15 октомври, а потоа ќе ја продолжи битката во категоријата „Најдобар изведувач од светот“ (MTV Worldwide Act). 

„Ту челос“: „Па тоа е прекрасно, благодариме за номинацијата. Секогаш е убаво да се добие признание за она што го работиш, особено кога ги даваш целото срце и цела душа во тоа!“

ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ: „Пресреќен сум и навистина е особено задоволство да се биде на листата на номинирани за најдобар изведувач од Балканот! Особено ми е чест што се најдов меѓу веќе докажани уметници, кои зад себе веќе имаат бројни достигнувања. Ова е мал, но многу важен чекор кон остварувањето на визија што ја дели целиот мој тим. Особено би сакал да му се заблагодарам на регионалниот канал на Ем-ти-ви што постојано ме поддржува и дава признание за мојата работа на ваков фанстастичен начин!“

ГЛАСАЈТЕ ЗА КАЈМАКОСКИ НА ОВОЈ ЛИНК!!!

Марчело: „Особено убаво е тоа што оваа номинација се случува во мошне важна година за мене и мојот колектив – имаме сосема ново (напнато) шоу со нов бенд, а во тек се подготовките за најголемиот концерт досега, закажан за 10 октомври, така што сме многу возбудени. Исто така, не е ни срамота да се биде победен од страна на добрата конкуренција, така што ова не може да има никаков негативен резулат!“

Сасја: „Ваквата поддршка од публиката ме воодушевува. Целата година ми е неверојатно среќна и конечната номинација е баш преслатка јаготка на врвот од годинешната торта. Прекрасно е да се види моето име покрај имињата на вакви легенди, и самото тоа ми е еден вид награда. Ви благодарам другари што ми го овозможивте тоа со своите гласови. Ве сака Сасја!“

„Хладно пиво“: „Тоа што сме номинирани за најдобри изведувачи веројатно значи дека сме добри во живо, што нам како бенд во живо ни е најважно, а особено бидејќи доаѓа пред големиот концерт во Загреб оваа сабота. Ако освоиме што било, можеме и тие две чела да ги земеме со себе. Во нашето комбе секогаш имало место за добра екипа!“

Во тек е и гласањето во категоријата „Најстрастни фанови“, во кои фановите одлучуваат која ѕвезда има најверна и најдобра публика, и тоа преку социјалните мрежи Твитер, Инстаграм и Вајн, користејќи ја ознаката #EMABiggestFans со името на номинираниот изведувач. Официјалните ознаки на номинираните изгледаат вака:

  • #EMABiggestFans5SOS
  • #EMABiggestFansJustinBieber
  • #EMABiggestFansKatyPerry
  • #EMABiggestFans1D
  • #EMABiggestFansTaylorSwift 

Номинираните уметници во сите категории се следните:

Најдобра песна
Ели Гоулдинг – „Love Me Like You Do
Мејџор Лејзер, диџеј Снејк и Мо – „Lean On
Марк Ронсон и Бруно Марс – Uptown Funk
Tејлор Свифт и Кендрик Ламар – „Bad Blood
Виз Калифа и Чарли Пут –See You Again

Најдобар поп изведувач
„5 секндс оф самр“
Aријана Гранде
Џастин Бибер
„Уан дајрекшн“
Tејлор Свифт

Најдобар женски изведувач
Eли Гоулдинг
Мајли Сајрус
Ники Минаж
Ријана
Tејлор Свифт

Најдобар машки изведувач
Ед Ширан
Џејсон Деруло
Џастин Бибер
Канје Вест
Фарел Вилијамс

Најдобар изведувач во живо
Ед Ширан
„Фу фајтерс“
Kејти Пери
Лејди Гага и Тони Бенет
Tејлор Свифт

Најдобар нов изведувач
„Екосмит“ (Echosmith)
Џејмс Беј (James Bay)
Џес Глин (Jess Glynne)
Шон Мендес (Shawn Mendes)
Тори Кели (Tori Kelly)

Најдобар видео запис
Кендрик Ламар – „Alright
Меклмор и Рајан Луис – „Downtown
Фарел Вилијамс – „Freedom
Сиа – „Elastic Heart
Тејлор Свифт и Кендрик Ламар – „Bad Blood

Најдобар рок изведувач
„Еј-си-ди-си“
„Колдплеј“
„Фу фајтерс“
„Мјуз“
„Ројал блад“

Најдобар алтернативен изведувач
„Фол аут бој“
„Флоренс енд д машин“
Лана Дел Реј
Лорд
„Туенти уан пајлотс“

Најдобар хип-хоп изведувач
Дрејк
Канје Вест
Кендрик Ламар
Ники Минаж
Виз Калифа

Најдобар изведувач на електронска музика
Авичи
Келвин Харис
Дејвид Гета
Мејџор Лејзер
Мартин Герикс

Најдобар изведувач во подем (Push artist)
„Екосмит“
Џејмс Беј
Џес Глин
„Квобс“
Натали Ла Роуз
„Ројал блад“
Шамир
Шон Мендес
Tори Кели
„Јирс енд јирс“
Зара Ларсон

Најдобра соработка
Дејвид Гета со Ники Минаж, Биби Рекса и Афроџек – „Hey Mama“
Џастин Бибер, Скрилекс и Дипло – „Where Are You Now?
Марк Ронсон и Бруно Марс – Uptown Funk
Tејлор Свифт и Кендрик Ламар – „Bad Blood
Виз Калифа и Чарли Пут – „See You Again

Најстрастни фанови
„5 секндс оф самр“
Џастин Бибер
Кејти Пери
„Уан дајрекшн“
Tејлор Свифт

Најдобар изглед
Џастин Бибер
Меклмор и Рајан Луис
Ники Минаж
Рита Ора
Tејлор Свифт

НАЈДОБАР ИЗВЕДУВАЧ ОД БАЛКАНОТ

„ТУ ЧЕЛОС“

ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ

МАРЧЕЛО

САЈСА

„ХЛАДНО ПИВО“

Доделувањето на европските музички награди на Ем-ти-ви ќе биде пренесувано во живо од салата „Медиоланум форум“ во Милано, в недела, 25 октомври, со почеток од 21 часот, во соработка со „Ескпо 2015“.



Врати се горе ↑