Видео

15 март, 2018

Запеа и синот на Даниел Кајмакоски

Откако триумфираше на две од најгледаните музички емиси во регионот, „Х фактор“ и „Твоето лице звучи познато“, а во меѓувреме нè претставуваше и на „Евровизија“, Даниел Кајмакоски периодов видно е отсутен од музичката сцена, посветувајќи го сето свое време на семејството. Сепак, се чини дека паузата нема уште долго да трае, бидејќи популарниот пејач веќе работи на нов материјал, но и тоа може да падне во сенка благодарение на уште еден талентиран член од неговото семејство.

Станува збор за неговиот едногодишен Давид, кој уште отсега покажува интерес за музиката, а доказ за тоа е симпатичното видео што го објави Даниел на Инстаграм, во кое можеме да видиме дека и најмладиот член на Кајмакоски тргнува по стапките на својот татко и својот дедо. „Давид Кајмакоски ги освојува сите срца со неговиот хит ’Је је је’! Еве ви краток дел од неговиот спот“, напиша гордиот татко, а како звучи сето тоа слушнете во продолжение.

Последното што го слушнавме од Даниел беше божиќната песна „Вечниот Бог“, која ја сними заедно со уште неколку колеги и колешки од музичката сцена, како и соработката со српската група „Неверне бебе“, која беше објавена пред речиси точно една година.

Меѓу другото, Кајмакоски неодамна гостуваше во емисијата „Улица Македонија“, каде што не можеше да се воздржи а да не заплаче од емотивната најава на водителката Бојана. Доколку го пропуштивте неговото гостување, емисијата можете да ја погледнете овде.



Врати се горе ↑