22 ноември, 2016

Запеа и сестрата на Мајли Сајрус, погледнете го нејзиното прво видео

Запеа уште еден член од музичкото семејство Сајрус. Покрај кантри пејачот Били Реј, гитаристот и вокалист на групата „Метро стејшн“, Трејс и, секако, светската ѕвезда Мајли, сега на сцена стапува и младата Ноа Сајрус. 16-годишната пејачка минатата недела го објави својот деби сингл насловен „Make Me (Cry)“, кој го сними со колегата од Велика Британија, Лебринт, а денеска беше претставена и неговата екранизација.

Лебринт ми е како постар брат и ми беше вистинско задоволство да снимам со него“, откри пејачката за оваа соработка, чиј видео запис е во режија на Софи Мулер, која работела и со имиња како што се Бијонсе, Селена Гомез и други. „Огромна чест е да се работи со некој што е толку талентиран како Софи. Одлично си поминав снимајќи го ова видео“, заклучи младата пејачка, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

0-194

 

 



Врати се горе ↑