Аудио lorde-india-yelich-o-connor

10 февруари, 2014

Запеа и помладата сестра на Лорд

Минатогодишната музичка сензација, 17-годишната Ела Марија Јелиќ О’Конор позната само како Лорд, триумфираше на неодамнешните Греми награди кадешто настапи со нејзиниот мегахит „Royals“, а дома си замина со две статуетки. Но, таа очигледно не е единствениот член од семејството кој има талент за музика. Имено, деновиве на интернет се појави аудио снимка од нејзината помлада сестра, 15-годишната Индиа Јелиќ О’Конор која претстави своја преработка на баладата „Say Something“ од дуото А Грејт Биг Ворлд во соработка со Кристина Агилера. Како звучи нејзината верзија на оваа песна можете да слушнете во продолжение.

Членовите на ова американско дуо, Иан Аксел и Чед Вакарино биле воодушевени од оваа преработка, а во  интервју за MTV News изјавиле: „Ова е одлично! Може да се слушне како звучи таа, но се чувствува и влијанието од нејзината сестра. Неверојатно е тоа што нашата музика, под А: им се допаѓа на луѓето од Нов Зеланд, а под Б: таа ѝ е сестра на Лорд, а Лорд е едноставно фантастична!“

 



Врати се горе ↑