Македонија

8 јуни, 2018

ЗАМП ги објави најслушаните македонски песни за 2017 година

Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) на својот официјален сајт конечно ги објави најслушаните македонски песни во 2017 година. За потранспаретно следење и контрола над емитуваните авторски дела, ЗАМП кај радио и ТВ-станиците минатата година инсталира систем за електронско евидентирање, кој на авторите и носителите на авторски права ќе им овозможи увид во податоците кои се однесуваат на нивните емитувани дела.

Резултатите конечно се достапни и за јавноста, а најемитуван рефрен за 2017 година е хитот на Влатко Лозаноски, темата „Мандарина“ на авторите Магдалена Цветкоска, Лазар Цветкоски и Милан Миланов.  Лозано е и единствениот изведувач со две композиции меѓу најслушаните десет според податоците на ЗАМП, со хитот „Жена како ти“ како трета најслушана во текот на минатата година.

Интересен момент е што „Мандарина“ е оригинално издадена во 2014 година, а дури лани била најслушана. Меѓу „највртените“ песни има и такви кои се снимени и многу порано, како нумерата „Туѓа си бескрајно“, која Ефто Пупиноски ја промовираше во далечната 1992 година, но се прослави дури две децениии подоцна и оттогаш редовно се пее на свадби, веселби и концерти.

Согласно чл. 158 став 1 т.8 од Законот за авторското право и сродните права (Сл.весник на РМ бр.115/10; 140/10; 51/11,147/13,154/15 и 27/16), ЗАМП ги oбјавува десетте најкористени домашни авторски дела во 2017 година и тоа:

TOP 10 rep 2017-za web

Извор: Женски магазин



Врати се горе ↑