2 февруари, 2013

„Залудно е“ на Тамара доби видео издание

Песната со која Тамара се претстави на минатогодишниот Скопски фестивал, нумерата „Залудно е“ доби свое видео издание кое беше премиерно претставено вчера во емисијата „Стисни плеј“ на Македонската Радио Телевизија. Позади овој проект застана веќе провереното дуо Нена Зафировска и Владимир Дади Ивановски, кои се постојани соработници на Горила продукција, чија ексклузивка е Тамара. За нејзиниот одличен изглед, како и секогаш, се погрижи стилистот Арменд Рамадани.

Погледнете како изгледа визуелизацијата на темата „Залудно е“, чии автори се Роберт Билбилов (музика), Живоин Глишиќ (аранжман) и Ксенија Николова (текст).

 



Врати се горе ↑