15 октомври, 2015

„Заклонишче препева“ со новиот видео сингл се свртија кон минатото

Времето на визионерството помина, па бендот „Заклонишче препева“ со новиот видео сингл „Још увек помислим на тебе“ се заврти кон минатото. Словенечките легенди на почетокот на овој век со песната „Миќа Муриќи иде у Холивуд“ укажаа на семожноста на американските идоли, со „Хасаном из азила“ предупредуваа на денешниот понижувачки однос со мигрантите, а денеска се вртат кон минатото.

За уште една во низата љубовни песни од актуелниот албум „Само да проџе демократија“, носталгичната „Још увек помислим на тебе“, фронтменот Вања Алич и колегите, во режија на Хиероним Вилар, снимија мошне интересен видео запис, со што ја продолжуваат серијата одлични екранизации на песни.

Фановите кои веќе имале можност да ја слушнат песната, се согласуваат со констатацијата дека „Још увек помислим на тебе“ е една од најубавите љубовни песни во последните неколку години на просторот на поранешната заедничка држава.



Врати се горе ↑