Концерт

8 јуни, 2018

Закажан концертот во чест на Тоше Проески

На 13 октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески, дознава „Женски магазин“. Балкански и македонски ѕвезди ќе ги отпеат најголемите хитови од легендарниот македонски пејач, а од фондацијата „Тодор Проески“ изјавија дека сè уште е рано да откриваат детали за настанот кој фановите со нетрпение го очекуваат.

„Интензивно работиме на овој проект. Подготовките се во полн ек, веруваме дека сеќавањето за Тоше и овојпат ќе го одбележиме достоинствено“, велат од фондацијата. На концертот најверојатно ќе биде промовиран и четвртиот постхумен албум со работен наслов „Secret Place“, кој содржи десет песни на англиски јазик.

Фотографија на Tose Proeski.

„Се подготвуваат и три видеозаписи. Едниот е снимен во Македонската филхармонија, вториот во студио, а третиот во Крушево. Албумот се работеше во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт. Во англиската верзија на албумот, една од песните е на внукот на Тоше, Кристијан Ристески“, најавија од фондацијата во јануари годинава.

По смртта на Проески, во изминативе десет години беше објавен голем дел од неговиот претходно необјавен материјал, од кој последно ја слушнавме неговата верзија на српски јазик од хитот „Штом сакаш“ на Каролина, како и темата „Light The Flame“, и двете објавени по повод 10 години без Тоше.

Извор и фотографија: Женски магазин



Врати се горе ↑