Концерт

15 март, 2019

Закажан и трет концерт на „Queen Real Tribute“ во „Станица 26“

Заради огромниот интерес за концертот на трибјут-бендот на „Квин“, чиј прв концерт закажан за 21 март беше експресно распродаден, организаторите закажаа и втор, кој исто така се распродаде за кратко време, а сега љубителите на безвременските хитови на легендарниот британски бенд имаат уште една шанса да присуствуваат на третиот концерт кој ќе се случи на 23 март, на истата локација – во клубот „Станица 26“.

Организаторите и овој пат советуваат што побрзо да ги набавите вашите влезници, кои можете да ги најдете преку продажната мрежа на МК Тикетс, како и онлајн на mktickets.com и на karti.com.mk. Повеќе информации на настанот на Фејсбук.

 



Врати се горе ↑