Концерт SLA

14 јуни, 2013

Загревање со диџеј Славе пред култниот KRS – One

На 7-ми јули во летниот клуб Колосеум во Скопје доаѓа KRS-ONE, еден од највлијателните MC-ја, ќе нѐ почести со настап кој што едноставно не смее да се пропушти. „If you don’t know him by now, I doubt you’ll ever know him“! Американскиот легендарен MC и продуцент директно од Њу Јорк за прв пат пред македонската хип хоп публика, заедно со неговиот препознатлив бум бап звук.

Задолжен за вжештување на атмосферата пред самиот настап на хип-хоп легендата, со неверојатната моќ за забава, позитивна енергија и секогаш жестоки сетови, како домашна поддршка ќе присуствува и диџеј Славе. Славе Спировски ака диџеј Славе е човекот одговорен за најпосетените журки во Македонија. Тој како диџеј е подложен на разни музички влијанија кои ги вметнува во своите сетови со многу различни музички правци како реге, хип хоп, соул, фанк, рок  и брејк бит.

Едни од позначајните настапи се: Exit (Србија), IN Music Festival (Хрватска), Jazz Festival (Бугарија), а од домашните фестивали : Аларм, Таксират, Бела Ноќ,  Баскерфест, Пиволенд,  но и бројни настапи како гостин на концертите на Суперхикс и Легијата. Се појавува со свои сетови пред настапите на големите хип хоп икони како што се Gury од Gang Star, Keith Murray, реге артистот General Levy и пионерот Big Bud.

KRS-ONE – “The Teacha” со оваа турнеја ја слави 40 годишнината на хип хопот низ Европа. Неговата музика ја карактеризира бум-бап звукот и има соработувано со бројни славни артисти како Marley Marl, Dj Premier, Scott La Rock, BuckShot, Freddie Foxx, Showbiz, Fat Joe, Kid Capri и ред други звучни имиња од светот на хип-хопот. Значаен за хип-хоп заедницата ширум светот, честопати е наречен “Eсенцијата на рап музиката” , како еден од најдобрите што застанале зад микрофонот. Како дел од хип-хоп екипата Boogie Down Productions, е познат по поставувањето на патот на хардкор и социјално -политичкиот рап и по издавањето на еден од највлијателните рап албуми – “Criminal Minded” заедно со Скот Ла Рок. За неговиот талент говорат и бројните освоени награди како VH1 – Hip-Hop Honors (2004), BET – I Am Hip-Hop (2007), Lifetime Achievement (2007), Urban Music – Living Legend Award (2009). Крис исто така е и основач на движењето “Temple Of Hip-Hop” и “Stop The Violence Movement”.

Ве потсетуваме дека промо влезници се веќе пуштени во претпродажба (10.06. – 07.07) по цена од 400 ден. во продажната мрежа на МКтикетс:

*СКОПЈЕ – Југотон, Office plus и Eleven Cafe (Капиштец)
*КУМАНОВО – Агора
*БИТОЛА – Hard Rock
*ОХРИД – ZZ Top
*КОЧАНИ – Комисион Шишко
*ГЕВГЕЛИЈА – Кафе Корзо
*ON-LINE продажба: karti.com.mk/eTickets/


Врати се горе ↑