Македонија 6

16 август, 2013

Зафир Хаџиманов – домаќин на интернационалната вечер на „Охрид Фест“

Ле­ген­дар­ни­от кан­тав­тор За­фир Ха­џи­ма­нов ќе би­де во­ди­тел на за­врш­на­та ин­тер­на­ци­о­нал­на ве­чер на фес­ти­ва­лот „Ох­рид фест – Ох­рид­ски тру­ба­ду­ри“, на 24-ти ав­густ во Ох­рид. Фес­ти­ва­лот, кој го­ди­на­ва слави 20-годишен јубилеј, ја ме­ну­ва ло­ка­ци­ја­та, од сце­на­та на Дол­ни Са­рај се се­ли на ох­рид­ски­от кеј, спро­ти хо­те­лот „Ри­ви­е­ра“. Ха­џи­ма­нов ќе ја за­ба­ву­ва пуб­ли­ка­та со ори­ги­нал­но сце­на­рио, а ќе за­пее и дел од сво­и­те поз­на­ти евер­гри­ни, пренесува Вечер.

Вра­ќа­ње на му­зич­ка­та сце­на таа ве­чер ќе има­ат и три­те да­ми од гру­па­та Ма­ке­до­ни­ја – Ве­ри­ца Рис­тев­ска, Да­ни­је­ла Пан­че­то­виќ и Зо­ри­ца Поп-Пан­ко­ва. Ќе ја про­мо­ви­ра­ат но­ва­та пес­на „Пес­на­та е ан­ге­лот“, ко­ја за нив ја на­пи­ша хит­меј­ке­рот Гри­гор Коп­ров. Тек­стот, ин­спи­ри­ран од жи­во­тот на слав­на­та гру­па, го на­пи­ша Ми­од­раг Вр­ча­ков­ски, кој е нов уметнички директор на ин­тер­на­ци­о­нал­на­та ве­чер на фес­ти­ва­лот.

„Зафир е роден за водител. Знам дека идеално ќе се вклопи во сценариото што го подготвив. Тој е одличен вокалист и артист и добро владее со сцената. Тоа е токму тоа што ми е потребно. Тој е човекот што ќе им го разубави животот на гледачите во најавувачките блокови и ќе ги оттргне од стерилната најавувачка стереотипија. Публиката треба да очекува шоу, а најавувачките делови ќе бидат интересни како и музичките нумери што ќе бидат презентирани на фестивалот. Во рамките на сценариото е предвидено свој музички настап да има и нашиот легендарен менаџерски ас Велибор Џаровски Џаро“  – изјави Врчаковски за Дневник.

„Ох­рид фест“  ќе започне на 21-ви ав­густ со дет­ски­от фес­ти­вал „Чун­га лун­га“, кој ќе го во­ди Жан­ко Го­ла­бов­ски. Ут­ре­ден­та, на фолк-ве­чер­та, во­ди­тел­ка ќе би­де Ка­ро­ли­на Пет­ков­ска. Поп-ве­чер­та на 23-ти ав­густ ќе би­де спо­е­на со ве­чер­та на но­ви ѕвез­ди и нас­та­пи на Би­ба До­де­ва, Ан­дри­ја­на Ја­нев­ска, Ис­кра Тр­пе­ва, Влат­ко Или­ев­ски, Бо­би Мој­со­ски, Емил Ар­сов. Ќе ја во­ди Ди­ја­на Го­го­ва, а МТВ и уш­те не­кол­ку бал­кан­ски те­ле­ви­зии ќе вр­шат ди­рек­тен пре­нос од фес­ти­ва­лот.



Врати се горе ↑