Македонија 1374041_643501069004101_194202633_n

18 октомври, 2013

Заедничка приказна на Дани, Тони Зен, Маракуја и Бобо

„Пишуваш своја приказна“ е нов проект кој ќе спои четири музички ѕвезди: пејачката Дани Димитровска и раперите Тони Зен, Марко – Маракуја од Србија и Бобо од Бугарија, пренесува Вест. Тимот кој ја работи кампањата сè уште не ги открива деталите, но велат дека е интернационален проект, со порака за општо добро за тинејџерите.

„Точната тема ќе ја откриеме на 30-ти октомври кога ќе биде и промоцијата на видеото. Два месеци ни требаа за да направиме целосен концепт, но финалниот производ ќе може да се види на крајот од месецот“ – велат од тимот на Дани.  Пејачката, заедно со српскиот рапер Маракуја и раперот Бобо беше дел од гостите на промоцијата на албумот „Микро Скопски Организам“ на Тони Зен минатата недела.

„Подготвуваме нешто многу јако со Тони, Марко и Бобо. Ќе дознаете наскоро“ – изјави Дани на промоцијата. Летово, таа доби плакета од кралицата на Јордан, Нур Ал Хусеин, за време на нејзиниот претстој во Амам на Детскиот Арапски конгрес. Дани веќе шест е младински регионален амбасадор во кампањата против сидата. Интернационалната мрежа за организации и институции (Y-PEER) подржана од Фондот за население на Обединети нации (УНФПА) ја избра Дани преку музиката да дава подршка на заболените од ХИВ вирусот. „Микро Скопски Организам“ е петтиот албум на Тони Зен, а може да се набави по цена од 150, односно 300 денари (разликата е во пакувањето).

Извор: Вест; Фото: Фејсбук 



Врати се горе ↑