Аудио toksikolozi-daniel-kajmakoski

23 јануари, 2014

Заедничка песна на Токсиколози и Даниел Кајмакоски

Токсиколози во новата година, музичко сефте прават со новата песна мека како „Памук“ во соработка со актуелниот Даниел Кајмакоски кој го пее рефренот. Песната е со љубовна тематика, светло под кое ретко се појавуваат Токсиколозите. Музиката е на Стефан Карапетров, а песната е обработена од Марко Наумовски.

„Со Даниел се запознавме и почнавме да соработуваме уште пред да се дигне фама околу неговото учество на Х-фактор, има наша потполна поддршка и ние негова“ – изјавуваат Токсиколози.

Покрај оваа песна, Сиги од Токсиколози соработува со Кајмакоски и како текстописец на неговите нови песни, а како звучи заедничката песна на Токсиколозите и Даниел можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑