Балкан

1 февруари, 2018

„Задржи свој дах“ – ново видео од Никола Врањковиќ

„Задржи свој дах“ е песна од Никола Врањковиќ, која се наоѓа на неговиот актуелен албум „Веронаутика“ (Мултимедија рекордс, 2017). Договорот за оваа песна да добие видео бил постигнат минатата пролет, а снимањето се одвивало во текот на летото и есента, на неколку локации во Нови Сад и околината.

Монтажата и постпродукцијата биле завршени пред дваесетина дена и видеото било премиерно прикажано на новосандската промоција на албумот „Веронаутика“, која се одржала во клубот „Фабрика“ во Студентскиот културен центар во Нови Сад на 31 јануари, пред голем број посетители.

Главната улога во видеото одлично ја одиграл актерот-натуршчик Миодраг Рашета – Микица, познат новосадски скејтер, инаку вработен како расветлувач во компанијата „Студио Берар“. Снимател на видеото бил Роберт Гонди, сценарист и монтажер Предраг Новковиќ, додека режисер бил Никола Кончаревиќ.

Дека Нови Сад во последно време е важно место во кариерата на Врањковиќ, освен соработката со видео-продукцијата „Илигал продакшн“ (Illegal Production), покажува и неодамнешниот одличен концерт одржан во новосадскиот театар на 13 јануари, како и големиот интерес од публиката за претстојниот промотивен концерт на албумот „Веронаутика“, кој ќе биде одржан на 3 март, исто така во клубот „Фабрика“.



Врати се горе ↑