9 март, 2015

Зад сцената со „Фрајлите“…

… и новиот видео запис за темата „За крај

Повеќе од невообичаените „Фрајли“ на едно место. Тангото, мистеријата, шармантните танчери, гитарите се само дел од новиот видео запис на групата „Д Фрајле“. Ова е прв пат да снимат спот за балада, за песната „За крај“. Режисерка на спотот е Марчела Занки, која со Жаро Батиновиќ соработувала на повеќе видеа за разни изведувачи. Последен пат заедно работеа на видео записот за песната „Кад се љубимо“.

„Нашите спотови ги замислуваме како приказни коишто ја следат песната. Секој спот е приказна за себе, но и продолжение на претходниот. Во секој спот сме имале некои улоги, а овој пат секоја од нас имаше неколку различни перформанси. Приказната започнува со нашето доаѓање на настап, на којшто мораме да се појавиме со врзани очи. Сè што се случува додека ние свириме, публиката може да види во спотот. За оваа пригода ‘падна’ и една тетоважа“, велат „Фрајлите“.

Галеријата со фотографиите зад сцената Ве очекува во продолжение, а новиот видео запис погледнете го горе. Уживајте!

Фотографии: Север Золак



Врати се горе ↑