Настани ZadAgolot_1

18 февруари, 2014

„Зад аголот“ со настап во Скопје

Една од омилените и најактивни хип хоп екипи во Македонија на задоволство на својата публика го најави својот настап на 1 март во клубот „Хавана“. „Зад аголот за кратко време од своето оформување успеа да собере признанија за успех во и надвор од Македонија бидејќи како да поставија нови темели и започнаа некоја нова школа во домашниот рап полна со цврст звук, паметни текстови и одлично изработени diy видеа. Нивниот прв албум „Чувај го вистинко волу. 1“, Балкан Хип Хоп Радио го прогласи за најдобро македонско хип-хоп издание за 2012. Минатата година, го одржаа и својот прв самостоен концерт во МКЦ каде покажаа дека кратко време по издавањето на првиот албум веќе има бројни верни следбеници кај македонската хип хоп публика. Иако хип хоп хероите продолжуваат активно да создаваат нов материјал, на следната средба со својата публика како домашна поддршка на Марчело, ќе ги чуеме и добро познатите „Нема лимит“, „Потценуваш“, „Ти треба срце“, „Класика“

Диџеј Оки Доки и диџеј Илиќ, познати по своите вештини на грамофони се одговорни за позитивната енергија пред почетокот на настапите на „Зад аголот„ и Марчело & Исказ!

МАРЧЕЛО, на последниот негов настап во Скопје во 2011 година во клуб „Хавана“, го воодушеви полниот клуб, а со многуте стари и нови хитови и неговиот извонреден бенд не се сомневаме дека ќе го направи тоа повторно, а преполниот лански самостоен концерт на „ЗАД АГОЛОТ“ во МКЦ е само уште една од причините навреме да ги набавите вашите влезници, особено поради ограничениот капацитет на клубот „Хавана“.

ЗАД АГОЛОТ изданија:
* Зад аголот – „Чувај го Вистинко Волу.1″ (2012)
* Длабока трага – „Никогаш Исто” (2012)
* Римиски масив – „Атељето на уметникот” (2013)

Билетите се веќе во препродажба по цена од 200 денари и може да се набават во Custom Pub и Љубов. А на денот на оддржување на концертот ќе чинат 300 денари. Почетокот на оваа рап дружба е закажан за 22.30 часот.



Врати се горе ↑