6 јули, 2016

„Зад аголот“ прашуваат „За кого бијат камбаните“?

По Спас им нема, ова е вториот сингл од албумот „Зад шпиунката“, издание кое според многумина е новиот симбол на македонската рап сцена. Во видеото се користени  материјали од некои македонски и екс ЈУ филмови  поврзани со ужасите на војната и последиците од неа.

„За кого бијат камбаните“ на „Зад аголот“ е очигледно уште едно македонско уникатно рап остварување. Музиката е на Даре (ДТ), текстот е на  Бренсис и Даре (ДТ), освен рефренот, кој е на Паки. Зад миксот и мастерингот стои Јан Зу, а како гостин кој ги свири гитарските делници се појавува Бојан Рафајловски. Песната е снимена во студиото „Зад аголот“ во 2016 година.



Врати се горе ↑