Македонија zad agolot randevu

9 април, 2013

„Зад аголот“ објавува нов сингл со видео запис

Додека ги броиме часовите до концертот, момците од Зад Аголот Ви претставуваат уште една новост од нивната продукција, како најава за комплетниот перформанс кој екипата конечно ќе го претстави пред својата публика на првиот самостоен концерт овој петок, 12-ти април во МКЦ (денсинг-сала).

Иако само пред помалку од еден месец Зад Аголот го објавија синглот „Јас и ти“ за кој снимија и видео спот, хип-хоп колективот во четврток официјално ќе го претстави и новиот видео спот за синглот „Нема лимит“. Видеото и за овој сингл го изработи Бранко Блажевски (Покрај Бренсис Видео Обработка). Од „Зад Аголот“ на овој спот се појавуваат Даре ДТ, Бранко СВП, Аце КН и Паки, а спотот е сниман во подземни гаражи во Аеродром. „Ко ‘пеперутка ефект’ ве враќаат назад, за да ве потсетат звукот каков е, почит до тие што знаат!“ Со песната „Нема лимит“ се заокружува проектот „Чувај го вистинко волу.1“ и се продолжува кон нешто ново од „Зад Аголот“.

Хип-хоп екипата Зад аголот ја сочинуваат 12 момци кои работат како еден артист. Искрено и од љубов, затоа што само така знаат. За само две години од своето оформување тие успеаја да ги соберат признанијата за успех и надвор од Македонија. Нивниот прв албум Чувај го вистинко волу. 1, кој беше објавен минатата година, Балкан Хип Хоп Радио го прогласи за најдобро македонско хип-хоп издание за 2012.

Концертот на Зад Аголот ќе се одржи во петок, на 12-ти април во МКЦ (Денсинг сала), со почеток во 21:30 часот. А “погоди кој е во просторијава? Темната страна кога Скопје удира!”.. Да!! Како поддршка на Зад Аголот ќе настапи легендарниот Владимир Аговски – Аго, еден од основоположниците на рапот и хип-хоп културата во Македонија! Познат преку култните The Most Wanted и Темната Страна, како дел од концертот ќе го имаме човекот кој преку 20 години работи на развивање на хип хоп културата во Македонија. Момците од Зад Аголот најавија уште еден гостин за концертот на 12ти април, Игимен, младиот македонски блузер Игор Станоевски кој меѓу другото има свирено и со славниот Грег Рајт познат како поранешен гитарист на Мајкл Џексон. Игимен се најде меѓу топ-10 артисти на „Плеј крос роудс“, еден од најголемите натпревари за рок и блуз-гитаристи, поради што тој има шанса да свири и со Ерик Kлептон во „Медисон сквер гарден“.



Врати се горе ↑