Македонија 21zc7b

4 февруари, 2013

Зад Аголот нема зима, се готви 2013

За Зад Аголот нема зима! На 8-ми јуни 2012 година се докажа дека оваа новосоздадена скопска рап екипа има квалитет и амбиции за големи достигнувања, јавуваат од Пасворд Продукција. Токму на таа дата се случи промоцијата на нивниот прв албум насловен „Чувај го Вистинско volu.1”, кој според слушателите на „Балкан Хип Хоп Радио“ го освои првото место на листата „Најдобар албум во 2012“.
Најдобриот македонски рап албум за 2012, сега специјално за нивните фанови по успешно распродадениот тираж, Зад Аголот го подарува за бесплатно симнување. Концертот на минатогодишниот Пиволенд, кој овој состав го одржа на stage-от на МОФ, привлече огромно внимание за што сведочат и околу илјадата фанови кои го проследија истиот.

 

Длабока Трага како дел од Зад Аголот, на 21-ви декември го промовираа нивниот прв албум „Никогаш Исто” кој беше одлично прифатен помеѓу нивните фанови и може да се набави во Југотон како и кај членовите на Длабока Трага. Албумот на Римиски Масив и микстејпот на Аце од Контра Напад се изданијата кои се веќе завршени и ќе ја дочекаат својата промоција во скоро време.
Работата на нови проекти веќе се одвива со полна пареа. Зад Аголот најавуваат нов сингл и видео запис во соработка со познатиот македонски блузер и гитарист Igi Man кој воедно ќе бидат и најава за нешто многу поголемо!


Врати се горе ↑