Концерт Zabranjeno_Pusenje

22 јануари, 2013

„Забрањено пушење“ во Скопје

Легендарниот сараевски бенд Забрањено пушење ќе одржи интимен концерт на 16-ти февруари во скопскиот клуб „Соушл“. Настанот ќе биде со ограничен број од 400 влезници.  Ветераните од Забрањено пушење, тесно поврзани со движењето „Новиот примитивизам“ и со култната југословенска хумористична серија „Топ-листа надреалиста“, по фестивалот „Турборок“ пред две години, повторно преку црн хумор и рокенрол ќе ги забавуваат своите обожаватели. 

Овој култен бенд, оформен во далечната 1980 година, кој зад себе има долга и богата кариера, го сочинуваат Сејо Сексон (Давор Сучиќ), Роберт Болдижар-Роби, Антун Ловиќ-Тони, Бранко Трајков-Трак, диџеј Паво, односно Пол Кемпф и Дејан Орешковиќ-Кло. Импресивната бројка од девет студиски албуми, три компилации и два албума во живо го прават Забрањено пушење едно од најистрајните југословенски музички имиња на овие простори.

 



Врати се горе ↑